446
Австралиските власти издадоа предупредување за потенцијално смртоносни поплави од поројните дождови на источниот брег на таа земја.
Досега се спасени десетици луѓе од поплавените подрачја, а на жителите од населените места со приземни куќи во Нов Јужен Велс им е наредено да ги напуштат своите домови, објави „Ројтерс“.
Полицијата соопшти дека стотици луѓе брзаат кон центрите за евакуација во областите северно од Сиднеј.
Главните патишта беа затворени, а во медиумите се појавија снимки на кои се гледа како порој вода ги зафаќа куќите.