Луѓето се иселуваат, за кого ќе се вее албанското знаме во Кичево, вели Мицкоски

од Берта Китинска
427 прегледи

Градовите и селата ни се празнат, а се дебатира дали градоначалникот во Кичево ќе има право да го виори албанското знаме во градот, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Како што оценува тој, таквите дискусии се залудни бидејќи поради масовните иселувања знамето ќе нема за кого да се вее.

„Гледам повторно во јавноста тема, дали е сега градоначалникот на Кичево голем јунак оти го изгубил или сѐ уште ќе го задржи, да го има албанското знаме во Кичево. За кого ќе се вее тоа албанско знаме ако се празни градот. Еве, нека се вее, никој не прави проблем. За кого ќе се вее кога се празни училниците. Празни се селата. Појдете по Зајас, појдете по Осломеј. Појдете и по Вранешница и по Другово. Секаде е празно“, рече Мицкоски.

Слични содржини