Веќе илјадници години сината боја на очи се обожува и идолизира. Брзо стана стандард за убавина и симбол на светлост. Денес, синооките луѓе ги гледаме насекаде, но, дали знаете дека во еден период, во историјата, воопшто не постоела сина боја на очи?
Генетска мутација
Сината боја на очите е резултат на генетска мутација која се случила пред околу шест до 10 илјади години, судејќи според бројни извори. Верувале или не, сите луѓе со сини оче се наследници на само една личност која ја имала оваа мутација на генот OCA2, што го пореметил производството на меланин во зеницата.
Денешните луѓе кои имаат сини очи имаат иста генетска мутација, во истиот дел од својата ДНК, што е јасен доказ дека имаат заеднички предок кој, најверојатно, е роден негде на северозападот околу Црното море (Украина, Молдавија, Романија), во периодот на неолитот.
Како преживеала оваа мутација?
Научниците се се уште збунети како оваа мутација ги измамила основните принципи на еволузијата и започнала да се шири ширум светот. Најпрво, мутацијата мора да им даде на видовите одредена предност како би го преживеала природниот процес на селекција. Интересна работа за плавите очи, е тоа што оваа мутација не осигурува никакви особени предности, а може да биде и штетна.
Рожницата е доста осетлива на било какви механички дразби, во споредба со онаа на луѓето со кафени или црни очи. Да не го спомнуваме тоа дека луѓето со сини очи се поподложни на некои очни болести, кои можат да доведат до нервна осетливост, мигрени и проблеми со пречувствителноста.
Според митовите, сини очи имаат потомците на боговите.