„Луѓе умираат поради неспособност на власта“: СДСМ бара оставка од Таравари

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска побара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари поради, како што велат, хаосот во здравството.

– Само минатата година, за шест месеци, регистрирани се 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче. Ова не се бројки – ова се изгубени животи! Деца умираат поради недостаток на здравствена грижа, поради неодговорноста на надлежните. Нема лекови на Клиниката за Онкологија, луѓе умираат поради неспособност на власта. Ова не е само здравствен проблем – туку хуманитарен, затоа што е директна закана по човечките животи. Животи кои зависат од лековите што државата мора да ги обезбеди, а денес ги нема, изјави Душанка Георигиева -Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Според СДСМ, не е навреме распишан и тендерот за лекови за пациентите со хемофилија, а на чело на многу клиники се поставени директори без потребното искуство.

– Листи на чекања за преглед има повторно, пациенти се жалат дека ова станува голем проблем. И работата на Клиниката Козле е доведена во прашање. Се врши мобинг врз лекарите од директорка која по секоја цена ја штитат Таравари и ДПМНЕ, на директна штета на здравјето на децата. На чело на многу клиники се поставени директори без потребното искуство, што дополнително го влошува функционирањето на здравствениот систем. Има директори кои земаат пари за дежурства, а никогаш не се појавиле на клиника, истакна Георгиевска-Трпевски.

Слични содржини