Луѓето со овој здравствен проблем треба да избегнуваат цреши

од Stefanija Kuzmanovska
960 прегледи

Црешите се омиленото овошје на многу луѓе. Сепак, експертите тврдат дека ова овошје не треба да се јаде во неограничени количини бидејќи може сериозно да го загрози здравјето.

Црешите се многу вкусни и можат да се консумираат во многу различни комбинации. Покрај тоа, ова овошје е многу корисно за имунитетот и содржи многу витамини. Сепак, многу луѓе не се сигурни колку цреши треба да јадат дневно.

Ова овошје содржи многу витамин Ц и бета-каротин, витамини Б6 и К, фолна киселина, минерали, калиум, железо, бакар, манган, калциум, магнезиум, фосфор, цинк и кобалт. Богати се со растителни влакна кои го помагаат варењето, додека целулозата што ја содржат го регулира варењето.

Потемните плодови се поздрави бидејќи имаат поголема концентрација на антоцијани и имаат поголемо антианемично дејство. Тие содржат мелатонин, кој помага при релаксација.

Пред консумирање потребно е добро да се измијат под ладна вода.

„Медикал Дејли“ наведува дека идеална доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми, па луѓето кои веќе имаат дигестивни проблеми треба да внимаваат колку цреши јадат.

Препораката за нив е по една шака дневно.

Слични содржини