Луис Енрике за Мбапе: Тимот е над сите, тоа е нашата порака

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, неизбежно беше прашан за суперѕвездата на тимот, Килијан Мбапе по вчерашните информации дека напаѓачот конечно решил да го напушти „Паркот на принцовите“ на лето.

Шпанскиот стручњак одби да коментира на оваа тема, велејќи само дека клубот е над сите луѓе.

„Немам информации да ви дадам. Ќе се обидам да поентирам на оваа тема. Се додека инволвираните страни не го објават тоа, нема да коментирам. Јас сум само тренерот. Ќе зборувам кога ќе зборуваат двете инволвирани страни. Ќе продолжиме да работиме. Тимот е на прво место, тоа е нашата порака. Клубот е пред сите поединци. Не, немам загриженост за атмосферата во тимот. Мора да имаш карактер за да бидеш тука. Околу клубот постојано се шушка, критики, пофалби, полемики… Секој што не го сака тоа не треба да биде тука. Следната сезона? Секој ден работам со мојот персонал и раководството на сегашноста и блиската иднина на тимот. Ова е нашата цел во текот на целата сезона“, изјави Енрике на својата прес-конференција пред утрешниот натпревар против Нант.

Слични содржини