Луис има фрактура, виси за Светското во Русија

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Левиот бек на репрезентацијата на Бразил, Филип Луис има фрактура на ногата и може да го пропушти Светското првенство во Русија во текот на летото.

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид ја доби повредата во второто полувреме при победата со 5:1 над Локомотив Москва синоќа во 1/8-финалниот реванш натпревар во Лигата на Европа.

Од клубот не прецизираат колку време ќе се обновува играчот, но слични повреди бараат минимум месец и половина лекување, а периодот се зголемува, ако е потребна операција.

32-годишниот Филипе ќе ги пропушти пријателските мечеви на Бразил за Русија и Германија овој месец.

Слични содржини