До почетокот на сезоната во Формула 1 остануваат помалку од 2 недели, а според Луис Хамилтон се уште е многу тешко да се прогнозира односот на силите, и покрај серијата тестови во Барселона.
Ферари беа најбрзи во Каталонија, но во Мерцедес се потпреа претежно на работа во долга серија на обиколки, откако експертите сметаат дека „сребрената стрела“ ја задржува предноста.
„Сѐ уште е многу тешко да се процени како се распределени силите и каде се Ред Бул и Ферари. Ова ќе се случи едвај во првата трка. Мислам дека, сепак, ние собравме доволно информации за да бидеме на максимално добро ниво за стартот во Мелбурн“, изјави Луис.
„Мислам дека нашите подготовки беа многу добри. Имавме многу работи што требаше да ги направиме, а во однос на издржливоста, сè беше како што треба. Јас сум многу горд на тимот, бидејќи секој дава сѐ од себе. Автомобилот е многу брз, откако во долга серија од тури најдоброто мое време беше посилно од постигнувањето во квалификациите во 2017-та“, задоволен беше Хамилтон.