Луис останува во Челзи, но само ако Конте си замине

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Централниот дефанзивец на Челзи, Давид Луис е подготвен да остане во тимот, ако менаџерот Антонио Конте го напушти, информира електронското издание Goal.com.

Во моментов бразилскиот репрезентативец е повреден, но уште во октомври минатата година стана резерва на сметка на Андреас Кристенсен поради слабото претставување во двата натпревари против Рома во Лигата на Шампионите.

Од почетокот на месец ноември Луис започна како стартер само во четири натпревари, а последното негово докажување со синиот дрес беше во почетокот на минатиот месец, при поразот со 1:4 од Ватфорд.

Во моментов 30-годишниот Кариока лекува повреда на коленото и сигурно ќе биде надвор од бизнисот барем уште еден месец. Неговата цел е да биде во групата за натпреварот против Тотенхем на 1 април.

Слични содржини