36
Манчестер Јунајтед ќе остане без левиот бек Лук Шо на почетокот на сезоната во Премиер лигата, објавија „црвените ѓаволи“. Проблемите на интернационалецот се поврзани со повреда на потколеницата здобиена за време на тренинг.
„Тој работи напорно на својата рехабилитација и се надеваме дека ќе се врати во нашиот тим по првата репрезентативна пауза“, соопштија од клубот.
Од тимот на Јунајтед отсуствува и 18-годишниот централен дефанзивец на Јунајтед, Лени Јоро, кој беше опериран поради повреда на стапалото и нема да игра скоро три месеци.
Првиот натпревар на тимот е против Фулам во петок.