Лук Шо: Никој не може да се сомнева во мојата лојалност, не сум способен да играм ниту за Јунајтед, ниту Англија

од Vladimir Zorba
903 прегледи

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, им се обрати на навивачите на „црвените ѓаволи“ велејќи дека сака повеќе од се да му помогне на својот тим во финалето на ФА Купот, но едноставно не добил шанса да го стори тоа.

Дефанзивецот беше именуван во проширениот тим на Герет Саутгејт за ЕП 2024 минатата недела и покрај тоа што имаше само 12 настапи во Премиер лигата оваа сезона. Самиот селектор изјави дека во моментов Шо е доста далеку од подготвен за игра.

Сепак, фактот дека тој влезе во репрезентацијата, а не во тимот на Јунајтед, очигледно покрена некои прашања меѓу навивачите, при што Шо инсистираше дека никој не може да се сомнева во неговата лојалност кон клубот и дека моментално не може да игра ниту за Манчестер Јунајтед, ниту за Англија.

Ова ги поттикна шпекулациите дека е голема веројатноста Шо на крајот да испадне од потесниот круг на Саутгејт.

„Среќен сум што момците го подигнаа трофејот викендов и ја завршија оваа сезона со позитивна нота. Иако резултатот беше онаков каков што сакав, беше тешко да се гледа од трибините. Ова беше дефинитивно најразочарувачката сезона за мене. Нема ништо што сакам да направам повеќе од тоа да играм и да победувам со Манчестер Јунајтед. Обично не реагирам на работите што ги гледам на социјалните мрежи, но има многу луѓе кои ја доведуваат во прашање мојата лојалност кон овој клуб и ме прашуваат како сум подготвен да играм за Англија, но не и за Јунајтед. Реалноста е дека не сум 100 проценти подготвен за ниту едното ниту другото во моментов, но давам се од себе и постојано работам да бидам. Во овој клуб сум 10 години, минав низ подеми и падови, но кога некој ја доведува во прашање мојата лојалност, тоа е разочарувачки. Мојот најголем фокус во моментов е да влезам во форма и што и да се случи ова лето, ќе бидам подготвен. Ви благодарам за трпението“, стои во дел од пораката на Шо на неговиот Инстаграм профил.

Слични содржини