Лук Шо верува дека е подготвен за следниот натпревар на Англија

од Vladimir Zorba
41 прегледи

Левиот бек на Англија и Манчестер Јунајтед, Лук Шо, кој нема играно од февруари, изјави дека е подготвен да игра за трите лава на Евро 2024. Пред три дена, за прв пат тој учествуваше на тренингот на тимот на Гарет Саутгејт и беше вклучен во продолжениот состав за мечот со Словенија, но остана неискористена резерва.

На прашањето на англиските новинари кога ќе може да игра, Шо едноставно одговори „во следниот натпревар“.

Следниот натпревар на Англија е во недела, кога „трите лава“ ќе се соочат со Словачка во 1/8-финална пресметка.

Во отсуство на Шо, Киеран Трипие стартуваше лево од одбраната. Саутгејт на мечот против Словенија го замени со Трент Александер-Арнолд, кој застана десно од одбраната, а Кајл Вокер се пресели на левото крило.

Слични содржини