Хрватскиот фудбалер и поранешен член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, пристигна во Милано, каде што се очекува да потпише договор со овој италијански клуб.
Капитенот на хрватската репрезентација стана слободен агент по 13 години играње за Реал Мадрид и ќе ја продолжи својата кариера во црвено-црните дресови со Сан Сиро. Се очекува да потпише едногодишен договор со опција за продолжување за дополнителна сезона.
По слетувањето во Милано, Модриќ изјави: „Драго ми е што сум тука, се радувам на предизвиците. Ќе имаме време да разговараме“.
🚨 Le prime immagini di Luka #Modric ‼️ Tra poco visite mediche con il #Milan 🔴⚫️🔥 pic.twitter.com/xWDnjLtvfn
— Luca Maninetti (@LucaManinetti) July 14, 2025
Модриќ ќе биде подложен на медицински преглед во клиниката Ла Мадонина, по што ќе следи тест за спортска кондиција и потпишување на договор во просториите на клубот, пишува Газета.
Модриќ ќе го прослави својот 40-ти роденден во мај, а во Милано пристигнува за да ја преземе главната улога во средниот ред, но и во соблекувалната. Тој беше најавен како врвен играч со силен карактер, токму таков каков што им беше потребен на италијанските гиганти кои се мачеа и кои завршија на осмото место во Серија А минатата сезона и со тоа ја пропуштија можноста да играат во Европа оваа сезона.