Лукаку: Би го дал животот за Конте

од Vladimir Zorba

Интер ја освои титулата шампион на Италија, на која чекаше по долгата доминација на Јувентус.

Но, може да се каже дека човекот што ја воспостави таа доминација на „Старата дама“, на крајот, ја симна од тронот – Антонио Конте.

А неговиот човек со најголема доверба на теренот, ударната тупаница, беше Ромелу Лукаку во текот на сезоната, кој сега блеска од среќа по освојувањето на титулата.

Титулата со Андерлехт, која ја освои без некој голем придонес во 2010 година, не јапризнава и за него оваа е прва во неговата кариера.

И кога зборува за трофејот, тој го турка Конте во прв план.

„Би го дал својот живот за Конте“, јасно рече Лукаку.

Белгиецот тврди дека одамна имал желба да соработува со италијанскиот стручњак.

„Не можев да му се придружам кога беше во Челси (2017), но секогаш велев дека ќе играм за него веднаш штом се збогувам со Манчестер Јунајтед. Кога дојдов, Конте отворено ми рече: „ако не работиш напорно на тренинг, нема ни да играш. Клучот е да знаеш како да играш со грбот свртен кон голот“. Многу е важно во животот да имате луѓе околу вас кои секогаш ќе ви ја кажуваат вистината, бидејќи само така можат да ви помогнат да напредувате“.

Лукаку верува дека постигнал голем психолошки напредок во текот на оваа сезона, дека научил да биде поотпорен на сите неволји и дека освојувањето на титулата е само дополнителна инјекција на самодоверба за следните години.

„Можете да постигнете 500 голови во вашата кариера, но ако не освоите титули, тогаш е бесмислено. Чувствував дека оваа сезона е пресвртница. На 27 години, беше сега или никогаш“.

Напаѓачот објасни како во голема мера ја подобрил својата игра додека го вртел грбот кон голот.

„Успеав со помош на машината што ја имаме во спортскиот центар. Таа пушта топки со брзина од 30-40 километри на час, токму кон играчот и јас морав да научам како да ги насочувам таквите топки на време и во вистински простор кон моите соиграчи. Порано главно завршував зад грбот на стоперот што ме чуваше, а сега сум секогаш две секунди пред него. Никогаш нема да биде моја омилена улога на теренот, но јас ја играм таа клучна улога, како Шекил О’Нил во кошарката. Многу сум горд што собрав девет асистенции оваа сезона“, истакна Ромелу Лукаку.

Покрај девет асистенции, има и 21 погодок, што е јасен доказ зошто огромното мнозинство смета дека Белгиецот бил најважниот човек на теренот во успешната шампионска трка на Интер.

Слични содржини