389
Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, има намера да одржи судбоносен разговор со менаџерот Томас Тухел на крајот од сезоната 2021/22, објави Caught Offside.
28-годишниот Белгиец се уште не сака да преговара со други клубови, бидејќи неговата цел е да се наметне како главен играч на лондончани.
Лукаку ќе разговара за ситуацијата со Тухел за да дознае какви се изгледите за неговата иднина.
Ромелу оваа сезона за Челси на 41 натпревар постигна 14 гола и даде 2 асистенции. Договорот на напаѓачот со лондонскиот клуб е до 30 јуни 2026 година.