Лукаку: Многу сум среќен

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Ромалу Лукаку пристигна во Милано и рече дека е многу среќен што се враќа во Интер.

Белгиецот утринава пристигна во италијанскиот град за да ги направи лекарските прегледи, по што „нероазурите“ и официјално ќе ја објават зделката.
Лукаку ќе игра како позајмен од Челси во Интер до јуни 2023 година. Тој ќе добие плата од 8 милиони евра плус бонуси откако се согласи да ја намали платата за речиси 30% за да се врати на „Сан Сиро“.

Синоќа беше објавено дека Лукаку пристигнал во Милано. Сепак, вистината е дека тој слетал утрово околу 06.20 часот по локално време. Белгиецот позираше со шал за Интер, по што замина на прегледи.

„Многу сум среќен што се вратив“, кратко изјави Лукаку, кој минатата сезона постигна само осум гола за Челси во Премиер лигата.

Слични содржини