Лукаку постигна гол, па му испрати порака на Ериксен!

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Белгиските фудбалери поведоа против Русија со голот на Лукаку со 1: 0 во натпреварот од првото коло од групата Б на Европското првенство.

Лукаку ја искористи очајната реакција на одбраната на Русија и го постигна водечкиот гол.

Фантастичниот напаѓач на трогателен начин го прослави својот прв гол на ова Европско првенство.

Имено, тој истрча до камерата и во неа извика „Крис, те сакам“. Секако, оваа трогателна порака беше испратена до данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, кој колабира за време на мечот со Финска, и во моментов се наоѓа во болница надвор од животна опасност.

Оваа реакција не изненадува, бидејќи Ромелу и Кристијан се соиграчи во тимот на Интер, а оваа сезона заедно го освоија долгоочекуваното Скудето.

Прекрасен гест на Лукаку.

Слични содржини