Лукаку се врати, ќе заработува драстично помалку – Интер не го доби тоа што го сакаше!

од Vladimir Zorba
224 прегледи

По долги преговори Интер и Челси постигнаа договор – Ромелу Лукаку се враќа на „Џузепе Меаца“!

Белгискиот напаѓач имаше голема желба да се врати во Интер. Силниот напаѓач го „избоксува“ своето и следната сезона ќе игра во тимот на Симоне Инзаги.

Лукаку во Интер доаѓа на едногодишна позајмица под услови кои не се одлични ниту за него, ниту за „нероазурите“.

Центарфорот ќе има годишна плата од осум милиони евра во Милано, речиси двојно помала од онаа во Челси каде заработуваше 15 милиони. Интер нема право да го откупи договорот на Белгиецот на крајот од сезоната, а за оваа позајмица ќе треба да издвои осум милиони евра.

Тоа значи дека Лукаку по истекот на позајмицата сигурно ќе се врати во Челси, со кого има договор до летото 2026 година.

Така, во Лондон се надеваат дека кариерата на 29-годишниот фудбалер ќе се рехабилитира во Италија. Лукаку беше одличен пред две сезони во Интер, кога го предводеше тимот до Скудетото, тогаш постигна 47 гола на 72 натпревари, а потоа се пресели на „Стемфорд Бриџ“ и одигра многу лоша сезона.

Силниот напаѓач постигна 15 гола на 44 натпревари во дресот на „сините“, а често беше и надвор од тимот на Томас Тухел.

Слични содржини