Лукаку со порака до Ибрахимовиќ: Бог го круниса кралот, поклони се

од Stefanija Kuzmanovska
314 прегледи

ИНТЕР викендов ја обезбеди титулата во италијанската Серија „А“. На четири кола пред крајот на шампионатот, тие имаат недостижна предност од 13 бода пред Аталанта, Јувентус и Милан.

Денес на социјалните мрежи се огласи најдобриот стрелец на Интер, Ромелу Лукаку и објави порака која очигледно беше испратена на Златан Ибрахимовиќ.

„Вистинскиот бог го круниса кралот. Сега поклони се“, напиша тој додавајќи си ја титулата крал на Милано.

Така, тој јасно алудираше на конфликтот со Ибрахимовиќ, кој започна во февруари минатата година. По победата на Интер над Милан со 4:2, Лукаку објави слика на Инстаграм со опис: „Новиот крал е во градот“. Половина година подоцна, Милан го победи Интер, па Ибрахимовиќ на Твитер напиша: „Милан никогаш немал крал, тие имаат бог“.

Нивниот судир ескалираше во јануари годинава кога се судрија вербално и скоро физички на уште едно дерби во Милано. Сепак, Лукаку последен се смее.

Слични содржини