Лукаку собори неславен рекорд

од Vladimir Zorba
366 прегледи

Иако Челзи го доби лондонскиот дуел против Кристал Палас, приказната на натпреварот е скапиот напаѓач Ромелу Лукаку.

На почетокот на оваа сезона, белгискиот репрезентативец накратко беше исфрлен од Челси, откако јавно го критикуваше системот на игра на тренерот Томас Тухел.

Сепак, тешко дека ќе има оправдување за неверојатно неефикасната игра што ја одигра против Кристал Палас во саботата.

Имено, Лукаку на теренот ги помина сите 90 минути, а во целиот тој период само седум пати ја допре топката. Од тоа три пати ја изгуби. Белгиецот не ја ни испрати топката кон противничкиот гол.

Англичаните пресметаа, пошто ваквите работи се мерат во нивната лига, нема играч кој помалку ја допрел топката за 90 минути од Лукаку.

Челси славеше со голот на Зиеч во 89. минута и сега е на третата позиција во Премиер лигата со 50 бодови.

Слични содржини