Лукаку: Трансферот од Интер во Челси беше грешка

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку не ја крие радоста што се врати во клубот. Тој призна дека направил грешка со неговата преселба во Челси минатото лето, но сега е решен повторно да биде најдобро и да му помогне на тимот да се бори за Скудетото.

Белгиецот моментално е на позајмица кај „нероазурите“ од Челси.

„Претстојната сезона ќе биде најголемиот предизвик во мојата кариера. Заминав и тоа беше грешка. Среќен сум што повторно го носам овој дрес и тимот знае што е пред нас. Ќе биде тешка сезона, но мораме да продолжиме во истиот дух. Додека бев во Англија минатата сезона, сфатив колку големо име е Интер ширум светот. Профилот на клубот расте на меѓународната сцена. Социјалните мрежи исто така помагаат во тоа. Затоа, важно е навивачите да видат што се случува во соблекувалната, како тренираме, како се забавуваме и се шегуваме еден со друг. Милано е одличен град и јас го задржав мојот стан овде кога отидов во Лондон затоа што мајка ми доаѓаше тука постојано, а јас исто така сакав еден ден да се вратам“, рече Лукаку.

Слични содржини