16
Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку ги сподели своите емоции по дебитантскиот натпревар за тимот. Неаполитанците на домашен терен ја совладаа Парма со 2:1 во натпревар од 3. коло на италијанската Серија „А“. Лукаку израмни во 90+2. минута.
„Чест ми е што играм за овој клуб, за овие навивачи и за овие момци кои ме пречекаа толку топло. Работевме напорно и трудот што го вложивме во тренинзите се исплатеше. Навикнат сум да давам гол на моето деби, но најважно е што победивме. Среќен сум, но сега треба да работиме и да продолжиме да победуваме, изјави Лукаку, цитиран од DAZN.
Наполи го објави трансферот на Лукаку од Челси на 29 август. 31-годишниот Белгиец потпиша договор до 30 јуни 2027 година.