Ромелу Лукаку неодамна ги шокираше навивачите на Челзи во едно интервју каде прилично непрофесионално зборуваше за клубот од „Стемфорд Бриџ“, истакнувајќи ја љубовта кон Интер од каде што дојде во Челзи.
Тренерот Тухел тогаш не го вклучи во тимот за дербито против Ливерпул, по што многумина очекуваа силниот белгиски напаѓач да ја заврши својата мисија во Челзи, но потоа следеа разговори кои очигледно донесоа резултати.
Лукаку е вратен во тимот, но со обврска јавно да им се извини на клубот и навивачите, што ѝ го направи вечерва, а дополнително ќе мора да плати и парична казна од дури 500.000 евра.
„Им се извинувам на навивачите за вознемиреноста што ја предизвикав. Сите знаете за мојата поврзаност со клубот што го сакам уште од моите тинејџерски денови. Целосно разбирам што ве вознемири. На мене е да се искупам и да ја вратам вашата доверба. ќе дадам се од себе за да го покажам тоа. Ќе дадам се од себе и ќе се посветам на тренинзите, како и да помогнам во новите победи. Им се извинувам и на тренерот, соиграчите и управата бидејќи мислам дека не одбрав добар момент. Сакам да го оставам ова зад себе и да работам за тимот на најдобар начин“, изјави Лукаку.
A message from Romelu.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 4, 2022