Лукаревска: 181 работодавач не исплатиле плати на 753 вработени

од Берта Китинска
204 прегледи

2.286 претпријатија кои лани добиле финансика помош од државата за исплата на плати на своите вработени, оваа година треба да ја вратат истата, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

– Од 3.853 даночни обврзници, 2.286 даночни обврзници им се генерирани решенија за враќање на финансиска помош, додека 1.558 не треба да ја вратат финансиската помо. За претворање во грант комплетирани се 1.288 барања, од кои 801 се прифатени, додека 408 не се прифатени. И натаму очекуваме да има нови бројки, ќе се менува бројката од ден во ден, односно ќе се усогласуваат барањата, рече Лукаревска.

До 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавач кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март.

-Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца. Како што соопшти Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош  е вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март.

Овие работодавачи се од дејностите, од подготовка на оброци и служење храна, 61, од дејноста трговија на мало, 33, од дејноста копнен транспорт, 24, но има и од специјализирани градежни дејности, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, правни и сметкодовствејни дејности.

Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот.

Слични содржини