Директорката на УЈП, Сања Лукаревска во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека новиот трансфер на вработени кои ќе дојдат во управата ќе треба да бидат квалитетни луѓе чие образование ќе соодветствува со работното место.
-Монетарниот фонд и Светската банка кажуваат дека е навистина потребно повеќе човечки ресурси, јас секогаш ги надополнувам дека ни требаат квалитетни човечки ресурси кои со соодветствува со работното место.Ќе инсистирам самите лица кои ќе бидат преку вој трансфер да бидат правници, економисти информатичари, доколку бидат од со вакво образование ќе бидат дел од семејството на УЈП, вели Лукаревска
Таа вели дека во случај систематизацијата да донесе луѓе без искуство во УЈП, тие ќе бидат претходно обучени.
-Верувам дека иако се без искуство претходно ќе бидат соодветно обучени бидејќи работиме во многу сензитивни процеси и една минорна грешка може навистина многу да не чини, истакна Лукаревска.
Според новиот плна 92 лица ќе се распределба во Управата за јавни приходи.