Лукаревска: Данокот за солидарност ќе биде наменет за пакет антикризни мерки за најранливите граѓани

од Vladimir Zorba
209 прегледи

„Данокот на солидарност, односно тоа законско решение се носеше низ еден транспратентен и инклузивен процес, разговаравме со сите засегнати страни, разговаравме со коморите, со интелектуалната фела, работна група постоеше од сите институции кои беа дел од тоа законско решение и сето она кое што ќе се собере од данокот на солидарност ќе оди во еден пакет на антокризни мерки за да се реализира помош на оние на кои што им е најпотребна,“ истакна директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на Македонската Телевизија.

Лукаревска посочи дека ова не е нешто ново во европската регулатива,туку е законско решение и принцип на делување во Велика Британија, Хрватска, Италија.

„Станува збор за компании кои што во својот даночен биланс и имаат доставено соодветни податоци и остварено приход над 10 милиони евра во 2022 година.Тоа е едниот критериум , а другиот критериум е дека тој приход бил за 20 отсто повисок од приходите остварени во последните четири години,“ рече Лукаревска.

Таа потсети дека рокот за плаќање првично беше 25 октомври, како и дека досега 99 даночни обврзници имаат извршено плаќање на овој данок, дел од компаниите имаат направено делумно уплата.

Не беше поентата да објавиме дека ние ќе ги блокираме сметките туку дека има соодветни законски рокови, се со цел да не се изгуби таа соодветна динамика.

Лукаревска информираше дека со данокот на солидарност треба да се обезбедат три милијарди и единаесет милиони денари. Според расположливите податоци повеќе од 2/3 од компаниите ги подмириле обврските , а остануваат уште околу 1/3 од компаниите.

Слични содржини