„Мерката МојДДВ, која ја воведовме пред речиси 5 години, е уште еден ефикасен механизам за заштита на домашната економија и на државниот буџет, но и мерка преку која вративме близу 150 милиони евра во семејниот буџет на граѓаните. МојДДВ продолжува да се бори со сивата економија заедно со граѓаните. Во 2025 година максималниот износ на поврат ќе го зголемиме на 2.400 денари, во 2027 на 2.700 денари, а на крајот на мандатот во 2028 година тој ќе изнесува 3.000 денари месечно“ рече директорката на УЈП и носителка на ИЕ3, Сања Лукаревска на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.
Таа додаде дека успешните економски политики на СДСМ овозможуваат планирање на уштедна даночна придобивка – 0 отсто данок на добивка на минималната плата.
„Водилка во нашата даночна политика е социјал-демократската правичност. Ние сакаме да му помогнеме на бизнисот, а не да го молземе. Но, мора да има баланс. Тие што имаат многу, треба да плаќаат повеќе! Затоа, по сериозна анализа и широка дебата, воведуваме данок на луксуз и богатство за да постои солидарност и правичност“ рече Лукаревска.
Таа додаде дека во наредниот мандат се предвидува и ослободување од царина за интернет нарачки до 180 евра по жител.