Лукаревска: Донесе е одлука за ослободување од плаќање аконтации за данок на личен доход и добивка за март, април и мај

од Берта Китинска
272 прегледи

Државата ги ослободува компаниите од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход, како и аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај оваа година, информираше директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

„Владата донесе уредба за примена на Законот за личен доход за време на вонредна состојба, со кој се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход, за месеците, март, април и мај, како и уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај. Ослободувањето од плаќањето на аконтациите на данокот на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам и транспорт, како и други обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од ковид-19“, изјави Лукаревска.

Таа ги соопшти и условите кои треба да се исполнуваат за да се користи правото за ослободување од овие аконтации. Како што е доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност, а имаат претпрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за заштита од Ковид-19.

-Обврзниците кои остваруваат доход од вршење угостителска дејност, туризам и транспорт не треба да го намалат бројот на вработени сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанување на важноста на уредбата освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработен. Обврзниците од останатите дејности кои имаат претрпено штети во своето работење за да добијат ослободување треба да им се намалени вкупните приходи за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година, или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година да изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година или, пак, бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодавачот заради спроведување на мерките да изнесува најмалку  25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот, посочи Лукаревска.

 

 

Слични содржини