Лукаревска: Го јакнеме контролниот механизам за да нема исплата на плати под минималната

од Vladimir Zorba
356 прегледи

„Потребено е да се најде заштитен механизам за да може да се спречат исплати на плати со суми од 1 денар или 5 денари. Сме разговарале со различни релевантни фактори на оваа тема, има и анализи. Потребно е да се адаптира законското решение за ваквите нуспојави да може да бидат пресретнати“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „360 степени“ на АлсатМ.

Таа додаде дека УЈП нема законска можност да регира во ваквите случаи, но кажа дека тие доставуваат до Државниот инспекторат за труд извештаи за компаниите кои исплатиле пониски плати од минималната.

„Со измена на законот за да не може да поминуваат декларации со сума под минималната плата би се заштитиле работниците, кои многу пати доаѓаат со претставки за нивните плати“, истакна Лукаревска.

Додаде дека УЈП блиску соработува со Државниот инспекторат за труд и дека заедно организираат и координирани акции, но и дека споделуваа информации за несовесно работење на компании.

Слични содржини