„Се трудам лично да посетувам даночни обврзници, изворно од нив да слушнам со кои проблеми се соочуваат. Токму од ваквите посети, некои од забелешките кои кои биле спроведливи, веќе се имплементирани. Сетам дека од заеднички интерес е да се градат партнерски односи со даночните обврзници“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за „24 инфо“.
Таа додаде дека преку транспарентен пристап се унапредува процесот на меѓусебна комуникација како и дека се подига даночната свест и морал.
„Би рекла дека согласно податоците од наплатата на приходите, досега компаниите редовно си ги сервисираат даночните обврски. Оваа година наплатата по сите видови приходи заклучно со септември изнесува 77,2 милијарди денари, што е за 0,62% повисока во однос на планот за 2022 за овој период и за 19,80% во однос на истиот период минатата година. Предизвик и огромна одговорност е во време на глобална криза да се зачува животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите“ рече Лукаревска.
Директорката на УЈП кажа дека износот на поврат на ДДВ оваа година, од јануари до септември, е 32,8 милијарди денари, што е за 49,86 отсто повеќе од минатата година. Како што објасни Лукаревска, со повратот на ДДВ во рок од 30 дена се обезбедуваат ликвидни средства за компаниите.