Лукаревска: Контроли на 60 фирми кои земале државна помош, а не исплатиле плати

од Nikola Popovski
392 прегледи

„Од страна на УЈП во декември 2020 и јануари 2021 година, по тој основ извршени се контроли кај 60 даночни обврзници“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

Според неа, работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати, а не ги исполнил условите, има обврска да ги врати добиените парични средства во целост заедно со камата.

„Работодавачот кој дал изјава за исполнетост на условите, а не ги исполнил условите, ќе следи кривична пријава. Кај 16 даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање финансиска поддршка во однос на  намалување на приходот за одредени месеци“, потенцира Лукаревска на денешната прес-конференција.

Слични содржини