Лукаревска: На дофат ни е членството во ЕУ, не дозволувајте да не тргнат од тој пат бидејќи алтернативата е погубна за сите нас

од Vladimir Zorba
184 прегледи

„Во оваа изборна програма наш приоритет над приоритетите е стабилна, безбедна, сигурна и просперитетна Македонија чии граѓани ќе имаат предвидлива и спокојна иднина. На дофат ни е членството во ЕУ, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, се плашам дека алтернативата е погубна за сите нас“ рече коносителката на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалициајта за европска иднина, Сања Лукаревска на митингот во Кочани.

Таа додаде дека СДСМ секогаш ги води најтешките битки, од осамостојувањето до денес и во ова предизборие води битка со пропаганда машинерија која ги труе граѓаните со наводни заговори за одеземен идентитет, јазик, култура, асимилација што никогаш не се случи и нема да се случи.

„Ако СДСМ не се бори за македонското, јазикот, културата, идентитетот не знам кој го прави тоа. Ние сме одговорна граѓанска, државотворна партија“ рече Лукаревска.

Слични содржини