Лукаревска: Наплатата на даноци е за 17% повисока од 2021 година, бројките се на наша страна

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Успешната наплата на приходите на УЈП е во зависност од сите општествени текови, рече директорката Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Таа истакна дека колку поуспешно УЈП го полни буџетот, секоја година се повисок план се добива од Министерството за финансии.

-Тоа е за нас предизвик, а не пречка, рече Лукаревска.

Таа додаде дека „бројките на наплата се на наша страна“, но потенцира дека уште повеќе средства може да се соберат, а тоа е поврзано со законските услови, борбата со сивата економија, но и дигитализација на процесите.

– Ланската година имаме наплата на 104 милијарди денари, тоа е 17% повеќе од 2021 година. Имаме раст во делот на данок на добивка, 45% повеќе од 2021, потоа 16% повеќе данок на личен доход, што се базира на вееќ пополнетата даночна годишна пријава, преку е-пдд системот, рече Лукаревска.

Таа информира дека има поголема наплата и на ДДВ, за 11,3% во споредба со 2021 година.

Слични содржини