321
Претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на партиската трибина во Куршево потсети дека програмите за претстојните локални избори, СДСМ ги пишува заедно со граѓаните, слушајќи ги нивните предлози, преку трибините и маалските средби и дека партијата ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и затоа со Томе Христовски ќе победиме во Крушево.
– Од друга страна, нашите политички опоненти како се уште да се во некое бунило. Извадија само еден кандидат и се спремаат за повторен пораз. Да не заборавиме дека во 2017 година ни ги оставија општините со големи долгови. На следните локални избори не смееме да дозволиме да се вратиме на расипничкото работење на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Лукаревска.