Лукаревска: Нови 20 милиони евра задолжување додека власта секој ден врти криминални тендери

-Нема пари за минимална плата од 600 евра и нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните, ама има за криминални тендери кои вртат секој ден, обвини пратеничката Лукаревска

од Nikola Popovski
46 прегледи Фото: СДСМ

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска обвини дека Владата поднела Предлог-закон за ново задолжување од 20 милиони евра, за изградба на фискултурни сали ама без информација за износот на каматната стапка.

-Нема пари за плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот на граѓаните. Има само за криминални тендери кои вртат секој ден, и тоа со милонски суми за едни исти фирми блиски до власта.

Недостасуваат 1 милијарди евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја поплнува со нови и нови долгови кои треба да ги плаќаат иднинте генерации. Веќе Владата се задолжи една милијарда од Унгарија, 660 милиони на домашниот пазар, само во декември 2025 година владата со државни обврзници се задолжи за 100 милиони евра. Се најавува и кредит од дури 6 милијарди евра, истакна Лукаревска на прес-конференција.

Според пратеничката, Светската банка веќе проектира дека јавниот долг оваа година ќе достигне 62,9% од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан.

-Ова мора да престане. Пратениците на СДСМ ќе се спротистават на ова и на секое идно задолжување. Власта да го повлече ова задолжување, да ги намали трошоците, да ги снема криминалните тендери и да го намали задолжувањето за да има пари за граѓаните, побара Лукаревска.