Лукаревска од Маршот во Прилеп: Заедно да градиме свет во кој нема да има говор на омраза и насилство кон жените

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Нема потежок пат од неизоден пат, но ние го изодевме, и бевме и ќе останеме гласни во име на сите оние кои не можат тоа да го сторат, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска од Осмомартовскиот марш што во организација на Форумот на жени на СДСМ се одржа денеска во Прилеп.

Лукаревска потсети дека нееднаквоста се уште не е искоренета и дека промените и борбата за еднаквост на жената треба да се случуваат секој ден, на само на Меѓународниот ден на жената.

„Само со колективна акција ќе ги продолжиме промените, ќе ја градиме еднаквоста и ќе изградиме свет во кој ќе нема место за говор на омраза, за сексистички пораки кон женитe. Клара Цеткин-лидерка на жените во Социјалдемократската партија на Германија, пред 113 години се избори и ни остави аманет да не се откажуваме сè додека не станеме дел од сè.

Жените се уште не се платени подеднакво како нивните машки колеги, жените се уште не се присутни во еднаков број во бизнисот и во политиката, а глобално, образованието и здравјето на жените е полошо од она на мажите.

Оттаму, и нам жените ни припаѓа да бидеме во Прегратката за еднаквост. Правото на еднаквост не е ексклузивно право, а прегратката е најразбирливиот збор на сите јазици во светот. 115 години од првиот женски марш во Њујорк, поттикнат од потребата на жената да биде еднакво вреднувана и почитувана се 115 години непрекинати промени. Имаме право на глас и сè повеќе нè има – благодарение и на незапирливиот порив на жената за сочувување на сопственото достоинство, но и на поддршката од паметните мажи“ порача во Прилеп заменик претседателката Лукаревска.

Слични содржини