Лукаревска: Општина Карпош е пример за домаќинско и одговорно работење

од Nikola Popovski
274 прегледи

Преку програмата ТАВ се инвестира во изградба на Мостот Карпош, што ќе ги поврзува Карпош 4 со Волково, во изградба на улицата Партизанска 2, како и во партерно уредување со реконструкција на пешачка зона и платформата на станбено-деловен комплекс – Порта Влае, што почна на 12 август и ќе заврши во ноември 2021, изјави заменик – претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на средба со жителите на Карпош 1 во оваа скопска општина.

Пред присутните Лукаревска посочи дека Карпош е една од најразвиените општини и пример за домаќинско и одговорно работење, за што сведочат бројните проекти кои во овие четири години се реализираа преку општинскиот буџет, но и преку поддршка на градската и централната власт.

-Во овој дел од градот инвестиравме и во условите за развој на најмалите. Изградена е градинка со капацитет за 78 деца во Бардовци. Во тек е изградба на градинката Карпош 3, со капацитет од 100 деца. Ја зголемивме енергетската ефикасност во две градинки на територијата на оваа општина, со замена на надворешните прозорци и врати во градинката Мајски цвет и замена на нееколошкиот систем за греење во градинката Пролет, порача Лукаревска.

Слични содржини