„Да ги расчистиме дилемите УЈП ја информираше јавноста за афера со нафтени компании, каде што утврдивме незаконито работење и затоа сметам како прв човек на институцијата дека треба јасно и транспарентно и отворено да зборуваме за се она кое што го работиме. Ова за кое што повикува ВМРО-ДПМНЕ се други компани кои немаат допирна точка со овие од аферата. Затоа многу е важно граѓаните да знаат дека не станува збор за една иста афера,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во вестите на Сител Телевизија.
Таа појасни дека она за кое што се зборува се две компании, два даночни обврзника за кои УЈП нема вратено поврат, што е евидентно од картички и наши анализи, пријави итн.
„Кај овие даночни обврзници станува збор за аконтативни пријави значи тие даночни обврзници не го барале повратот туку го оставале за некои следни периоди и тоа се две можности за обврзниците. Согласно нашите анализи и ризик фактори ние сме утврдиле дека овде станува збор за незаконито работење“, истакна таа.
„Сме постапиле и сме направиле контрола и врз основа на тоа имаме соодветен наод, а тоа не значи вратен поврат. Имавме и демант, во кој кажавме за овие две компании од самото нивно основање не е вратен поврат,“ изјави Лукаревска.
Посочи дека компаниите се процесуирани по пријава на УЈП до Управата за финансиска полиција, која постапува во рамки на своите надлежности.
„Секој пат сме алармирале до сите соодветни институции нивно натамошно постапување. Некој пат заради деликатноста на случајот или она што значи сензитивен процес мора да внимаваме во делот на размената на информациите и пренесувањето во јавноста,“ посочи Лукаревска.
Појасни дека УЈП има повеќе филтри да се проверат и да се спречат соодветни состојби. Притоа додаде дека УЈП дејствува по свои ризик фактори, анализи, пријави од други институции и анонимни пријави.