237
„Во тек е исплатата на ДДВ за тромесечието октомври, ноември и декември 2020 година. Треба да се вратат околу 382 милиони денари или 6,1 милион евра“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.
Според неа, повратот на „Викенд без ДДВ“ е секаде исплатен, освен онаму каде што има проблеми со трансакциската сметка.
„Во делот на оние 5000 корисници на „Мој ДДВ“, неопходно е да се направи корекција, доколку одредени лица смениле банка. Ќе промовиме и новина во наредниот период во делот на „Мој ДДВ“, која што ќе се однесува на самиот систем ЕПДД“, посочи Лукаревска.