Лукаревска предлага закон со кој работодавачите ќе може да ги зголемат платите од 3 до 15 илјади денари

од Nikola Popovski
70 прегледи

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска информираше дека нејзината партија предлага законско решение кое ќе им помогне на работниците и компаниите, а истовремено ќе обезбеди и дополнителни приходи во Буџетот. Според неа, со предлог-законот ќе може работодавачите во приватниот сектор да ги зголемат платите на своите вработени во износ од 3 илјади до 15 илјади денари, без притоа да мора да плаќаат придонеси за тој зголемен дел.

-Придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување ќе замрзнуваат на просекот од последните 3 исплатени плати на работникот. Ова замрзнување важи во период од една година што значи дека работодавачите нема да имаат дополнителни финансиски товар при зголемување на платите. Кои компании и за кои работници можат да добијат ослободување? За работници за кои компаниите исплаќаат нето-плата која не е повисока од 65.380 денари… Вакви работници има околу 400 илјади кои би можеле да добијат повисоки примања без зголемени трошоци за компаниите. Ако ги преточиме бројките во примери: Ако просечното зголемување на платата биде 7500 денари за 400 илјади вработени, тогаш вкупното покачување на платите на национално ниво би било 585 милиони евра. 400 илјади работници по 7500 денари во просек од 12 месеци се 585 милиони евра дополнителен приход за граѓаните. Иако работодавачите нема да плаќаат придонеси за ова зголемвување, се уште ќе плаќаат данок на личен доход од 10% што значи дека во Буџетот ќе слеат 58,5 милиони евра од данокот, рече Лукаревска.

Во реалноста, додаде пратеничката, значи дека работниците добиваат поголеми плати, компаниите не се оптоваруваат со дополнителни трошоци што ги охрабрува да инвестираат во своите вработени, а државата добива поголеми приходи без да воведе нови даноци или да зголеми буџетски трошоци.

Слични содржини