351
Треба да се отвори Уставот и ние подадовме рака, кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во Канал 5 телевизија.
-Нашиот став е конзистентен, а од другата страна се менуваат ставовите. Со условувања не можеме да одиме никаде, ни треба дијалог и компромис. Подадовме рака, ги отворивме картите и понудивме можности. Ова треба да продолжи зашто прогресивните сили ќе не одведат на европскиот пат. Освен разговор не доаѓа предвид ниту една опција, кажа Лукаревска.
Таа порача да „не се враќаме назад“.
-Политичките рејтинзи не треба да ни се пиедастал, треба да го избуткаме процесот. Избори кога-тогаш ќе има, но ако не успееме на европскиот пат, не знам кој би победил на тие избори, кажа Лукаревска.