Лукаревска: СДСМ е подготвена, иако е рано да се зборува за предвремени парламентарни избори

од Nikola Popovski
42 прегледи

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска нема да биде дел од новото раководство на партијата и смета дека од Парламентот ќе го даде својот придонес за СДСМ. Вели дека треба да им се даде шанса на нови лица за да се преструктуира партијата. Лукаревска најавува поддршка за новото раководство, во пресрет на Конгресот.

-Иако сега знаеме дека сме во специфична состојба како партија, после таков пораз, треба да помине време и не може да се надмине преку ноќ. СДСМ има нови лица. Некои сега ќе добијат нова шанса и за секого има место. Ќе имаме и комисии во различни области, нови претседатели на општинско ниво. Искуство, младост и жар кој што му недостасува на СДСМ за да продолжи понатаму, рече Лукаревска во емисијата на „Слободен печат“.

Лукаревска е уверена дека после внатрешните процеси, мора да покажат можност дека сакаат да се дел од новиот изборен процес.

-Доколку има предвремени парламентарни избори, ја прифаќаме фрлената ракавица. Правиме анализи на месечна основа и можам да кажам дека она што сега го нуди власта и она кое што ние го нудиме…СДСМ е подготвена за избори. Сметам дека иако е рано да се зборува за предвремени парламентарни избори бидејќи нема ниту половина година како завршија претходните, сметам дека повеќе треба да се посветиме на работа, да ја корегираме власта, да ја алармираме за одредени состојби, а за локални избори, треба да следат согласно законските рокови, кажа поранешната директорка на УЈП.

Слични содржини