Лукаревска: Секоја партија да им го објасни на граѓаните својот став за уставните измени, за да имаат чиста слика

од Nikola Popovski
178 прегледи

Носителка е пред сé предизвик, не го чувствувам воопшто како притисок и мислам дека заедно сите 20 кандидати на оваа пратеничка листа ќе оствариме навистина солиден, добар резултат. Мислам дека имаме многу со што да се пофалиме во овој регион, а на листата исто така имаме одлична кадровска понуда и сметам дека тоа ќе го потврдиме на 8 мај, истакна заменик претседателката на СДСМ и кандидат за носител на изборната листа во третата изборна единица Сања Лукаревска, во емисијата „Што мисли Народот“ на штипската телевизија Стар.

Лукаревска истакна дека кампањата ќе ја води фер и позитивно, со аргументи бројки и факти, како и со разговор со граѓаните.

-Во претходните две програми за изборите во 2016 и 2020 година, од се она што го имаме предвидено имаме висока реализација, многу имаме направено, многу малку се имаме пофалено, рече Лукаревска, нагласувајќи дека имаше скептицизам дека нема да се стигне до тие бројки за минималната плата и за просечната плата, но не само што се стиганти, туку и се надминати.

-Ќе продолжиме со истата тенденција за зголемување на минималната плата на 600 евра до 2028 година, просечна плата од 1100 евра, зголемување на минималната и просечната пензија, посебни мерки пакети за младите, предвидуваме голем број мерки за земјоделието со рекорден број на субвенции, имаме нови мерки во транспортот и инфраструктурата, нагласи Лукаревска, додавајќи дека за прв пат во програмата има посебно поглавје за дигитализација и нови технологии, но тука се и капиталните инвестиции во спортот, унапредување на позицијата на спортистите, кои се главни, најголеми амбасадори на нашата земја.

Лукаревска осврнувајќи се на столбовите на програмата на СДСМ, најави натамошно зголемување на платите во културата, здравството и други сектори, храбри мерки во енергетика, одлични мерки против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Во врска со европската иднина на државата, Лукаревска истакна дека поголемиот дел од политичките актери навиваат да имаме успешна европска приказна, но секоја политичка партија мора да им го објасни на граѓаните својот став во врска со уставните измени, за да имаат чиста слика.

-Не смееме да дозволиме да ги пропушатме шансите и да ја пропуштаме поддршката. Нашето место е во европското семејство. Само заедно сите 120 пратеници треба да ја имаат заедничката цел, да и дадат шанса на државата да оди напред, да не се враќа во некои мрачни времиња и да биде оставено маларично острово, налгаси Лукаревска, додавајќи дека тоа не смее да се дозволи.

-Главниот рејтинг, главната бројка ќе ја имаме на денот на изборите, и на претседателските и на парламентарните, така да секој пат можам да кажам дека и минатиот пат во 2020 ги имавме истите оние анкети каде што се зборуваше дека ДПМНЕ е многу понапред од СДСМ меѓутоа реалноста се покажа дека освоивме повеќе мандати од ДПМНЕ и направивме Влада. Така да, мислам дека денот на изборите ќе биде всушност и главната анкета и уверена сум дека СДСМ ќе ја формира следната влада, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Што мисли Народот“ на телевизија Стар.

Слични содржини