Лукаревска: Сработеното ни дава право да кажеме дека „Најдоброто за нашата општина“ е печат на СДСМ

од Nikola Popovski
303 прегледи

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Луаревска на маалска средба со граѓаните на Крива Паланка, зборуваше за сработените проекти во изминатите 4 години на централно и локално ниво за оваа општина.

„Сработеното ни дава право да кажеме гордо дека „Најдоброто за нашата општина“ е печат на СДСМ, особено овде во Крива Паланка! Најдоброто затоа што имаме најмногу реализирани проекти и најдобра кадрвоска понуда“ рече Лукаревска.

Зборувајќи за политиките на СДСМ за рамномерен развој на целата држава, Лукаревска посочи дека североисточниот дел од државата порано беше целосно заборавен а владата на СДСМ инвестира во огромен број инфраструктурни проекти кои се или реализирани или во фаза на реализација.

„Целиот Исток, целиот овој регион беше заборавен од претходната власт. А, токму овој регион е вратата на нашата држава кон северо-истокот и неговиот инфраструктурен развој е од исклучителна важност за меѓународната соработка и економскиот развој. И еве видливи се промените, за само неколку години откако СДСМ ја има честа и одговорноста да ја води централната и локалната власт. Во паланечкиот регион изминатите четири години се реализирани или се во фаза на реализација сериозни инфраструктурни проекти: како патот Крива Паланка – Огут и патот Крива Паланка – Луке, обновени за прв пат после 40 гидни. Патот Ранковце – Крива Паланка, Страцин – Крива Паланка, Деве Баир – Крива Паланка, но и патниот правец Узем-Тораница, инвестиција која е од огромно значење за економскиот развој на овој регион. Тоа е СДСМ, ние така знаеме, наместо во барок и споменици да инвестираме за граѓаните“ рече Лукаревска.

Заменик претседателката потенцираше и неколку проекти и инвестиции кои ги има реализирано локалната самоуправа во Крива Паланка предводена од СДСМ, за градот но и за населените места во општината.

Слични содржини