348
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во своето гостување во Утрински брифинг изјави дека УЈП има дефицит од кадри и ќе ги распореди 100-те „рамковни“ административци.
-Во моментов подготвуваме решенија за распоредување во различни одделенија и во разлчни сектори бидејќи ние имаме недостаток на кадар во управата. Имаме колеги кои се пензионираат, дел кој ја напуштаа управата. Порано имало поголем број на инспектори сега имаме намлена бројка така да очекуваме дека ќе дадеме шанса на овие нови наши колеги 101 да допринесат во приказната за работата на УЈП, вели Лукаревска.