Потпреседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска вечерва изјави дека е „вечно прашање и вечна дилема“ дали има различни струи во СДСМ.
-Јас сум долго време во СДСМ, може пократко во раководството, но одговорно кажувам дека не постојат струи. Имам комуникација со Заев, но не само јас, туку и сите членови и раководството на партијата. Исто така имам комуникација со Шекеринска. Секој пат сакам да се слушнам и консултирам. Има разлика на младост и искуство, рече Лукаревска.
Околу датумот за нови парламентарни избори, Лукаревска го повтори ставот на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе бидат во 2024 година.
-Исто така и коалицискиот партнер Ахмети кажа дека избори ќе има во 2024 година. Имаме конзистентен став во тој поглед. Тогаш е најсоодветно, истакна потпретседателката на СДСМ во емисијата „Клик плус“.