Лукаревска: За првите три месеци собравме ДДВ за 30 отсто повеќе во однос лани

од Nikola Popovski
257 прегледи

„Во моментов имаме собрано повеќе ДДВ за 30,6 отсто во однос на 2021 година, а дури 41,5 отсто во споредба со 2022. Кај ДДВ има голема наплата по основ на целата структура“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Економски магазин“ на АлсатМ.

Таа додаде дека исто така зголемена наплата има и на данокот на добивка, каде што од јануари до 28 март има за 24 отсто повисока наплата во однос на 2021 година, односно 26,46 отсто повеќе во однос на 2020 година.

„Ист раст имаме и кај данокот на личен доход. Најголем раст имаме на приходи од капител, од земјоделство и шумарство, авторски договори, капитални добивки и приходи од самостојна дејност. Имаме раст од скоро 14 отсто во однос на 2021 година и 19,93 отсто во однос на истиот период во 2020 година“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека според проценките на Министерството за финансии со намалувањето на ДДВ од 5 на 0 отсто за основните продукти, државата ќе собере околу 430 милиони денари помалку.

Слични содржини