Лукаревска за случајот на малверзации со ДДВ: Ова не е скандал на УЈП

од Берта Китинска
224 прегледи

Јас сум горда на тоа што ние алармиравме веднаш штом ги откривме небулозните дејствија од страна на даночните обврзници, затоа не можам да дозволам да се кажува дека станува збор за скандал на УЈП, туку станува збор за скандал со незаконско работење на даночни обврзници што се сопственички поврзани и кои ги менаџира едно исто сметководствено биро, изјави директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, одговарајќи на прашање за случајот со малверзации со ДДВ, кој во јавноста го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, со тврдење дека во него се инволвирани високи функционери од власта.

Велејќи дека не сака да и наштети на предистражната постапка што ја води обвинителството, Лукаревска не откри дали со овој случај државниот буџет е оштетен за 20 до 30 милиони евра, како што тврдеше опозицијата.

„Станува збор за неосновано даночно побарување, односно нешто што го попречува функционирањето на законот за данок на додадена вредност, во врска со законот за даночна постапка. Се уште не можеме да ја кажеме точната сума на пари, бидејќи откако го утврдивме овој сомнеж кој го имавме, веднаш ги преземавме сите дејствија кои ни се овозможени како инстутиција. На 21 јули лани го известивме МВР дека имаме вакви сомневања, а потоа во октомвеи доставивме уште еден допис за да ги наведеме сите поединости и за даночни обврзници и за дејствија кои се преземаат, какви чекори се прават и понатаму имавме уште едно надополнување на овие две барања“, изјави Лукаревска.

Слични содржини