Лукаревска за случајот со фиктивните фактури: Злоупотребени се и логоа, потписи и печати на добавувачи на поголемиот дел од фактурите

од Vladimir Zorba
226 прегледи

„Злоупотребени се и логоа, потписи и печати на добавувачи на поголемиот дел од фактурите,“ истакна Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, во Топ тема на ТВ Телма во врска со случаите на три нафтени компании- даночни обврзници кои се обиделе со фиктивни фактури да испумпаат 2,6 милиони евра од државниот буџет.

„Тука ни се отвори уште еден сомнеж, бидејќи истите тие немаат реагирано. Книговодствено, ако некаде имаме влез, мора да имаме излез од другата страна. Тоа всушност е основата на даночното работење. Сме утврдиле дека имаме 80 фактури. На пример, во книговодствената евиденција на еден добавувач е прокнижена само една излезна фактура, чија вредност е за, речиси, 43 пати пониска од износот на книжените влезни фактури кај даночниот обврзник во третиот случај“, појасни Лукаревска.

Таа посочи дека нивна обврска е ако сакаат да си го заштитат кредибилитетот требало да алармираат. Како и дека имале потешкотии во соработката со истите.

УЈП утврдила и дека овие компании направиле и затајување на данок на личен доход во износ од над 300.000 евра. Како и дека контролираниот период немале ниту еден вработен и исплатена плата.

Слични содржини