Лукаревска за состојбите во државата: Парното и струјата поскапуваат, од 2019 за прв пат „МојДДВ“ неисплатен во законскиот рок

„Недела од неработен, со тенденција да биде работен ден“, алармира Лукаревска

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Фејсбук/СДСМ

Пратеничката и поранешна директорка на УЈП, Сања Лукаревска со свое видување за енергетските и економските состојби во земјава. Таа се осврнува и на проектот „МојДДВ“ за кој дел од граѓаните веќе пријавуваат дека не го добиле повратот на паричните средства за изминатото тромесечје.

Лукаревска потсетува дека за прв пат од 2019 година враќањето на средства преку „Мој ДДВ“ не е извршено во законскиот рок.

„Недела од неработен, со тенденција да биде работен ден. Високи, галопирачки цени на прехранбените производи. За прв пат од 2019 година Мој ДДВ неисплатен во законскиот рок. Парното поскапува. Поскапува и струјата за домаќинствата. За 30% поскапува полагањето за возачка дозвола… Единствено извесно е неизвесноста. Ниту светска пандемија, ниту светска економска и енергетска криза“, стои во објавата на Лукаревска.

„Локално“ веќе пишуваше на темата поврат од „МојДДВ“. Измина последниот рок за исплата на средствата, а голем дел од граѓаните не ги добија своите средства. Апликацијата вчера во поголемиот дел од денот не функционираше, односно граѓаните не можеа воопшто да скенираат сметки.

Каде ,,испарија” парите за ,,МојДДВ”? УЈП без одговор зошто третина од македонските граѓани не ги добија своите средства